средба во Велес
Image
На 07.10.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Велес се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни и урбани заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа 10 претседатели на месни и урбани заедници, претседателот на Советот на општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, член на Советот г-а Билјана Тевчева Кушинова од советничката група на СДСМ и г-дин Благој Калузаров, претставник од општинската администрација.
На почетокот на средбата новоназначениот претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници, Благој Калаузаров на присутните им објасни дека во иднина ќе се практикува писмена комуникација помеѓу претседателите и општината со цел да се има поголем увид и евиденција на поднесените документи.
Image
Претседателите од претставникот на општинската администрација побараа одговор за средствата кои беа предвидени во програмата за градежно земјиште на што беше одговорено дека дел од средставата се пренаменети за училиштето во Иванковци, а дека приоритетите се реализираат според динамиката на полнење на градскиот буџет.
Претседателите имаа забелешка за слабата комуникација со општинската администрација и побараа истата да се интензивира.   
Г-дин Калаузаров информираше дека во иднина ќе биде направена карта на улици со графички преглед за поедноставно следење и увид во се што е сработено.
Претседателите забележаа и дека во изминатата година во дел од месните и урбани заедници нема реализирано ниту еден приоритет. Претседателот на МЗ Челошево побара на постоечките бандери да се постават две сијалични места, потоа да се бетонира подвожњакот и да добијат писмено известување кој е задолжен да го чисти снегот во Дурутовец и Челошево. Претседателот на УЗ Шорка побара да се постават две автобуски стојалишта, потоа да се направи тротоар од Ветекс до Шорка, да се поправи пропаднатата улица пред Графичар, да се осветли игралиштето, да се постават контејнери кај Ветекс и да се направи плоштад непосредно до чешмата. Претседателот на МЗ  Горно Оризари праша зошто нема одговори за сите поднесени приоритети и барања и зошто не се реализират приоритети низ целата општина, а претставничката од МЗ Родна Ивева праша зошто во нивната месна заедница не се интервенира за ниту еден проблем.
Од УЗ Керамидна прашаа кој е надлежен за решавање на проблемот со свињарската фарма од која мириса цел град и што е потребно да превземат активности за да се отстрани неподносливата миризба, потоа улицата Камка Тоцинова да се поврзе со улицата Луј Пастер и на истата да се постават лежечки полицајци.  Исто така беше прашано и до каде е поставувањето на трафостаница во населбата
Хабитат.
Дел од претседателите побраа на писмено да им бидат доставувани одговори за сите прашања и со поголем интензитет да се решаваат тековните проблеми. Од МЗ Мамутчево бараат поинтензивна комуникација со администрацијата и деректни средби. Од МЗ Сујаклари, пак  бараат да се интензивира комуиникацијата и да им се образложи зошто не се реализирани нивните приоритети.
Претседателот на Советот Славчо Чадиев им објасни на претседателите дека доколку имаат интерес за да присуствуваат на седница на Совет за одредена точка треба претходно да се најават во општината и да побараат дозвола за присуство и дозвола за збор на тековната седница.  
Претседателите на урбата заедница Алексо Демниевски и претседателот на Мз Црквино кои поради своите работни обврски не можеа да присуствуваат на средбата, следниот ден ја посетија Фондација Фокус и беа информирани за текот на средбата.