Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

средба во Лозово

Image

На 20.10.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Лозово се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни и урбани заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа претседатели на месни и урбани заедници,  членови на Советот и претставник од општинската администрација.

Image

На средбата претседателите на месни и урбани заедници ги идентификуваа граѓанските приоритети за следната 2012 година и тоа:

MЗ Лозово
1.асфалтирање на фудбалско игралиште сред село
2.асфалтирање на улици
3.уредување на просторот

МЗ Сарамзалино
1.фекална канализација во селото
2.асфалтирање на главниот пат низ селото

МЗ Милино
1.изградба на игралиштето
2.поправка на улиците кои се попесочени со песок кој е однесен од дождовите
3.довршување на уличното осветлување во селото
4.поправка на патот Милино јазла до магистралниот пат Штип-Велес кој е однесен од врнење на дождови

МЗ Каратманово
1.асфалтирање на патот Дорфулија Каратманово
2.асфалтирање на некоја улица во селото
3.поставување каналетка за атмосферска вода

МЗ Дорфулија
1.уредување на водотекот во центарот на Дорфулија
2.помош за дислокација на трлата за овци во Дорфулија
3.решавање на проблемот со трета лента на патот Штип- Велес кај исклучувањето за село Дорфулија
4.тампонирање на банкините на локалниот пат Дорфулија Лозово
5.доизградба на фекална канализација во Дорфулија
6.уредување на училишниот двор и изградба на нов санитарен чвор поблиску до училиштето

НВО Организација на жени
1.опремување на канцеларија
2.набавка на компјутер
3.средства за гинеколошки преглед за жените
4.обезбедување на предавач за часови по англиски јазик