Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во организација на Општина Велес и Фондација „Фокус“, на 3-ти ноември годинава, во просториите на Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт –програмите за активностите на општината во 2012 година наменети за институциите, здруженијата на граѓани, месни и урбани заедници и заинтересирани граѓани.
Општина Велес и Фондација „Фокус“ во текот на следната недела ќе организираат уште една јавна расправа по програмата за млади и спорт на која ќе можат да вклучат сите спортски здруженија, младински здруженија и заинтересирани млади од градов.

 

На првите две јавни расправи повеќе од 150 граѓани активно учествуваа во креирањето на финалните верзии на програмите во девет области во надлежност на општината меѓу кои локалниот економски развој, образованието, културата, социјалната заштита. Особено голем интерес и овојпат предизвика Програмата за уредување на градежно земјиште која ја опфаќа изградбата и одржувањето  на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина. Предлозите и идеите на граѓаните ќе бидат вградени во предлог-верзиите на програмите што треба да ги усвои Советот на општината.
Јавните расправи покажаа дека граѓаните се заинтересирани да го подобрат локалниот развој, а со тоа и квалитетот на живеењето.

 
 
Извештај од  јавни расправи по Нацрт-програмите на општина Велес за 2012 година

Во организација на Општина Велес и фондацијата „Фокус“ , на 03.11.2011 година во големата сала на Општина Велес се одржаа јавни расправи за програмите за активностите на Општина Велес во 2012 година.

На јавните расправи беа разгледани 9  програми:

1.Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
2. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2012 година.
3. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2012 година.
4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.
7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2012 година.
8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.

Јавната расправа по . Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на  спорт и млади  соработка во 2012 година се одржа на 10.11.2011 година.

На јавните расправи учествуваа вкупно 193 лица.

Градоначалник    1
Членови на Советот на Општина Велес     14
Претставници на урбани и месни заедници     30
граѓани     69
Претставници на НВО     21
Претставници на институции    5
Претставници на Општинска администрација     13
Спортски здруженија    29
Младински организации     11
Вкупно     193



1. Јавна расправа по Нацрт-програмите на Општина Велес за претставниците на институции, здруженија на граѓани и фондации и граѓани

Јавната расправа по Нацрт-програмите на Општина Велес за претставниците на институции, здруженија на граѓани и фондации и граѓани се одржа на 03.11.2011 година, со почеток во 17 часот,  во големата сала на Oпштина Велес. На неа присуствуваа 35 учесници од кои 21 претставник од НВО, 7 претставници на општинската администрација, 5 претставници од институциите и 1 член на Советот на Општина Велес. Проекциите на 8  Нацрт-програми за активностите на општината во следната 2012 година ги  презентираа овластените  службеници од општинската администрација.
Присутните учесници на расправата имаа можност по презентациите да дискутираат за нацрт верзијата на програмите и да дадат свои предлози, сугестии и идеи. Дел од учесниците на расправата  дадоа  свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- документите.

Учесниците на јавната расправа ги дадоа следните предлози по програми:

Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија во 2012 година


ЗГ,,Еснафи,“
▪    Советодавни средби со Здруженија на граѓани, институции и бизнис сектор со цел вмрежување, добивање информации за нови технологии и алтернативни извори на енергија и можност за искористување на фондовите од  CIP програмата на ЕУ
▪    Зајакнување на капацитетите  на малите и средни претпријатија,  пред се од областа на преработувачката индустрија и земјоделство  и олеснување на пласманот  на производите  на пазарот.
▪    Обезбедување стандарди за извоз на македонски мед на летните Олимписки игри


Нацрт - програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.


ЗГ,,Еснафи,,
▪     Едукација на индивидуалци за производствени занаети



Нацрт програма за против пожарна заштита
ЗГ ,,Видра,,   
▪     Да се активира проект за обука на професионални пожарникари  во Скопје преку проект на општина Центар


2.    Јавна расправа по Нацрт-програмите на Општина Велес за претставниците на месни и урбани заедници


Јавната расправа по Нацрт-програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
за претставниците на месни и урбани заедници и граѓаните, се одржа на  03.11.2011 година, со почеток во 19 часот, во големата сала на Општина Велес.
На расправата присуствуваа  119 учесници меѓу  кои Градоначалникот на општина Велес, г-дин. Горан Петров,  30 претставници од месни и урбани заедници, 69 граѓани, 6 претставници на општинската администрација и 13 членови на Советот на Општина Велес.

Проекцијата на Нацрт-програмите за активностите на општината во следната 2012 година ја претставија овластените  службеници  од општинската администрација.

По предлозите дискутираа присутните учесници на расправата, но изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- документите.

На јавната расправа, од страна на претставниците на урбаните и месните заедници и присутните граѓани беа предложени следните потребни интервенции за 2012 година:


МЗ ,,Горно Оризари“
Довршување на канализација во селото
УЗ,,Алексо Демниевски,“    - Да се подобри водоснабдувањето во 3 –те кули на улица ,,Благој Ѓорев,“ бр 104
-Да се асфалтира 100 метри од улицата „Народен фронт“од број 8 до 26
- Поставување на атмосферска канализација на улица ,„Андон Шурков“ бр 29
- Атмосферска канализација на улица „Марксова“
- Поставување легнати полицајци на улица „Марксова“и поврзување на тротоар
- Поправка на осветлување на улица ,„Андон Шурков“
- Реконструкција на детски забавен парк и негово осветлување
- Насочување на атмосферските води од улица ,„Индустриска“
- Поставување на шахта на канал на улица „11 Октомври“ и чистење на постоечки канал
- Решавање на проблемот со подземни води кај 3 –те кули на улица „Благој Ѓорев“ бр 104
- Решавање на проблемот со миризба од свињарски фарми
- Воведување ред во поставувањето на кабли од оператори, Еелектрична енергија  и телефон



-Претседателот на Урбаната Заедница „Алексо Демниевски“ побара почести средби на градоначалникот и раководителите на општинската администрација со претседателите на месни и урбани заедници со цел тие на лице место да се запознаат со конкретните проблеми и да придонесат за побрзо решевање на истите. Исто така побара и општинските служби до претседателите на месни и урбани заедници редовно да доставуваат писмени известувања за реализацијата на приоритетите во нивните месни или урбани заедници во тековната година.

МЗ ,,Сливник“


УЗ „Васа Кошулчева“    - Асфалтирање на пат од 3 километри
- Довршување на водоводот
- Канализација во селото
- Бетонирање на 20 метри крак од улица „Енгелсова“
- Поставување на заштитна ограда над гаражите кај СВР Велес
-Изработка на атмосферска канализација на улица „Васа Кошулчева“
-Бетонирање на 160 метри од улица ,,Васа Кошулчева“
-Бетонирање на улица „Крсте Мисирков“
-покривање на канал кај бифе „Марија“
-Асфалтирање на 100 метри крак на улица „Сутјеска“ број 3
-Поплочување на тротоар кај СИЗ
-Поставување надвозник кај битолската пруга


МЗ  ,,Црквино“
- Поставување водовод во селото
- Канализација
- Поставување еластична ограда
УЗ  ,,Трајче Панов“    -Потпорен ѕид на улица „Орце Мартинов“


УЗ ,,Димче Мирчев“

-План за централно градско подрачје

МЗ ,,Родна Ивева“    -Водоснабдување
-Пешачка патека на улица  „Васил Иљоски“
-Осветлување на улица „Васил Иљоски“
-Ограничување на брзина на улица „Васил Иљоски“
-Поплочување на тротоар
-Пробивање на  пат под железен мост
-Канализација
-Да  се реши проблемот со поројницата
МЗ ,,Долно Караслари“    Водоснабдување во село Долно Караслари
МЗ ,,Горно Караслари “    -Водоснабдување во село Горно Караслари
-Канализација
-Пат за селото
-Осветлување
-Да се зголеми напонот на електричната енергија
УЗ ,,Керамидна“    -Поставување на канализациона мрежа на улица „100“ бб

УЗ  ,,Шорка“    -Пренамена на зона од индустриска во зона за домување на улица „Вардарска“ број 40 -46
-Просторија за месна заедница
-Обновување на игралиште и поставување на клупи
-Канал за атмосферски води на улица „Вардарска“ бр.1
УЗ  ,,9-ти Ноември“    -Тротоар на улица ,,Љубљанска,,
-Поставување одводни канали на улица ,,Љубљанска,,
-Тендер за улица „Љубљанска“  бр.15

УЗ ,,Мирка Гинова“    -Поставување на 180 метри канализација на улица „Трајче Петкановски
УЗ        ,,Тунел“    -    Асфалтирање на  улица 2 во населба „Хабитат“



3.Jавна расправа по Нацрт-програматa за спорт и млади

Јавната расправа по Нацрт-програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади за 2012 година   се одржа на 10.11.2011 година во големата сала на Oпштина Велес.

На неа присуствуваа 44 учесници од кои 29 претставници од спортски здруженија,11 претставници од младински организации, 1 претставник од општина Велес, претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев и 2 членови на  советот. Проекцијата на Нацрт-програмата за спорт за следната 2012 година ја претстави Зоран Ѓуровски, претседател на Сојузот на спортови. По презентацијата дискутираа присутните учесници на расправата, но подоцна изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- документите.

Предлози на учесниците на јавната расправа  по Нацрт- програмата за спорт и млади
СПОРТ
1.Спортски манифестации
-Турнирот во мал фудбал ,,Тунел 2012,, и турнирот во мал фудбал за пионери и кадети ,,Дворови 2012,,  да се спојат во еден, да се одржуваат во Тунел и финансиската конструкција од 200 илјади денари да се зголеми на 350 илјади денари.
-Да се зголемат средства за организација на турнирот во мал фудбал ,,Велес 2012,, од 80 илјади на 150 илјади денари.
-Да се зголеми финансиската конструкција на отворениот турнир во стрелање со воздушна пушка „Велес 2012“ од 10 илјади денари на 50 илјади денари.
-Да се востанови турнир со стрелање со воздушна пушка со потребни средства од 50 илјади денари.
-Кајакарскиот слалом „Илинден 2012“ да биде во организација на КК ,,Вила Зора,, (предлог во следните години кајакарските клубови да ротираат при организацијата на слаломот и средствата за овој слалом да се зголемат од 40 илјади на 60 илјади денари).
-Воведување на меѓународен натпревар во кајак по повод 9-ти Ноември со потребни средства 60 илјади денари.
-Да се зголемат средствата за отворени забавни фудбалски школи од 70 илјади денари на 120 илјади денари.
-Новогодишниот божиќен турнир во мал фудбал за пионери да се замени со меѓународен голем фудбал за пионери, а средствата од 40 илјади денари да се зголемат на 50 илјади денари.
-Финансиската конструкција на државното првенство во мото трки да се зголеми од 30 илјади денари на 60 илјади денари.
- Да се вклучи велосипедска трка со потребни средства во висина од 50 илјади денари.
2. Поддршка на спортски сојузи    
-Вкупната сума на средства потребни за организација и реализација на општински, зонски и регионални натпревари и учеството на училишни екипи на државни првенства од 270 илјади денари да се зголеми на 360 илјади денари.
3.Масовна физичка култура
-Средствата за отворениот спортски ден да се намалат од 70 илјади на 60 илјади денари
4. Поддршка на спорт во градот
-Да се изработи веб страна за промоција на спортските клубови на која ќе стојат информации за она што тие го работеле во тековната година, како и податоци за тоа како ги потрошиле парите 
- Да се обезбеди поддршка на навивачки екипи
-Да се наградат  успесите на спортистите  кои постигнале резултати на меѓународен натпревар.
- Да се зголемат средставата за поддршка на пионерски и кадетски спортски екипи од 300 илјади денари на милион и 500 илјади денари
-Средствата наменети за поддршка на спортисти од Велес кандидати за учество на балкански, европски, светски првенства и олимписки игри од 150 илјади да се зголемат на 300 илјади денари.
5. Инвестиции
-Изградба на Ендуро крос патека - потребни средства 150 илјади денари
-Да се зголемат средствата за уредување патека на  река Вардар  за кајак на диви води  од 300 илјади на 400 илјади денари и да се добие маркица за локациски услови за да се направи промена во деталниот или генералниот урбанистички план
-Реконструкција на спортските сали ,„Гемиџии“ „Партизан“ „Блаже Конески“ и ,„Благој Кирков“
-Реконструкција на стреланата, потребни средства 70 илјади денари.
-Осветлување на спортска сала „Гемиџии“
-Средствата  кои се одобрени за реконструкција на спортската сала „Гемиџии“ да се трансферираат на сметка на јавното претпријатие „Парк спорт“ и преку договор со општинската администрација и Сојузот на спортови да се отпочне процес на санација на салата.
-500 илјади денари кои се предвидени за одржување на фудбалските игралишта, градскиот стадион, Превалец, Башино село и помошното фудбалско игралиште да се пренаменат само за реконструкција на помошното фудбалско игралиште, а средствата да се трансферираат на ЈП ,„Парк спорт“.
-Реконструкција (санација) на двата фудбалски терени (стадионот и помошното фудбалско игралиште).
-Маркица за отворено стрелиште

МЛАДИ
-Да се обезбеди загарантиран буџет за млади во висина од  од 1% од вкупниот буџет на општината.
-Отворање на бизнис инкубатор.
Предлозите на учесниците на јавните расправи се сублимирани и разгледани од страна на надлежните во општината и во зависност од можностите на буџетот ќе бидат вградени во предлог верзиите на Програмите за активностите на Општина Велес во 2012 година.