на општина Лозово за 2012 година
На 07.11.2011 година во општина Лозово се одржа јавна расправа по нацрт програмите за следната 2012 година. На јавната расправа присуствуваа 16 учесници:градоначалникот г-дин Орце Цветковски, претставници од општинската администрација, членови на Советот и претставници од месни заедници.
На јавната расправа беа презентирани 14-те развојни програми и нацрт буџетот на општината. Буџетот на општина Лозово за следната 2011 година е проектиран на 39.681.000 денари. Пред присутните беа презентирани дури девет програми кои ги усвоил Советот на општината и по кои ќе работи во следната година, за разлика од само три кои ги имаше општината за оваа година. По образложените програми од присутните на јавната расправа беа дадени неколку забелешки меѓу кои асфалтирање на улицата до црквата, обезбедување средства од буџетот за реализација на културни и спортски манифестации.