На 26.12.2011 година во општина Градско се одржа јавна расправа по нацрт-програмите и нацрт-буџетот на општината за следната 2013 година. На расправата присуствуваа членови на Совет, претставници од општинската администрација, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

javna rasprava gradsko

Од претставници на општинската  администрација беа презентирани 4-те развојни програми на општина Градско за 2013 година и тоа  програма за изградба на спортска училишна сала, програма за изградба на повеќенаменско спортско игралиште, програма за доградба на системот за водоснабдување во општина Градско и изградба на улица Душан Ќириќ
Покрај презентација на програмите беше образложен и нацрт-буџетот.на општина Градско за 2013 година кој е во износ од 79 милиони  258 илјади и 255 денари.
По презентацијата, дел од присутните се интересираа за одредени делови од развојните програми на општината и побараа одговор од администрацијата кога тие ќе бидат финализирани и дали за истите веќе се обезбедени средства.