Веб апликацијата www.prioriteti.focus.org.mk со која Фондација,„Фокус“ победи на национално ниво во категоријата е-инклузивност и оспособување е номинирана за наградата на Светскиот самит на Обединети нации во Шри Ланка.
„Ѓраѓански приоритети“ веќе ја поминаа и првата селекција на меѓународниот натпревар каде од 400 апликациции од 100 земји, членки на Обединетите нации влегоа во финалната фаза од натпреварувањето.
Апликацијата е избрана во најуспешните 160 содржини во сите осум категории, каде за престижната светска награда ќе се натпреварува со 20 дигитални содржини во својата категорија.
Селекцијата на избраните дигитални содржини кои влегоа во финален избор ја вршеше меѓународно жири составено од експерти во областа на информациско-комуникациските технологии. Изборот на 40-те содржини колку што вкупно ќе бидат наградени (по пет во секоја од осумтте категории) ќе се одржи од 29-31 август во Талин, Естонија.