Со цел навремено доставување на предлозите од страна на граѓаните и нивно вградување во предлог програмите на општината за 2014 година, на граѓаните на општина Лозово им беше претставена веб апликацијата и можностите кои истата ги нуди.
Во тек се подготовките на нацрт документите на општините за следната година, па граѓаните од општините Велес, Градско, Лозово и Чашка можат своите предлози да ги доставуваат и директно преку веб апликацијата и истите да ги рангираат гласајќи за решавање на нај важните проблеми според нив.
Највисоко рангираните и коментирани предлози се очекува да бидат земени во предвид од советите на општините и истите да станат приоритетни за решавање со тоа што за нив ќе се определат средства за нивна реализација во наредната година во буџетите на општините.