WEB

Градско, 28.12.2016, На директни средби со граѓани на општина Градско, Фондација „Фокус“ ја претстави својата веб интерактивната алатка http://prioriteti.focus.org.mk/ . На граѓаните им беше објаснето како и зошто може да ја користат алатката преку која може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година.
Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.

Покрај средбата во Градско, претходно Фондација „Фокус“ организираше средба со граѓаните на општина Велес, а во следниот период вакви слични средби ќе бидат организирани и со жителите на општините Лозово и Чашка кои исто така може да доставуваат свои предлози и идеи на веб алатката.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.