florozon1

Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес  присуствуваше на завршната Конференција на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“, во организација на Центарот за еколошка демократија Флорозон и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ. Како еден од десетте регрантисти Фокус, во рамки на проектот, подготви еколошко истражувачка приказна со наслов „Еколошка бомба демнее над велешани, има ли решение за згурата од Топилница“. На конференцијата тимот на Фокус ги презентираше предизвиците со кои се соочи при подготовката на истражувачката приказна.

На завршната конференција присуствуваа десетте регрантисти  а свое излагање имаше и Џеромир Левичек од Европската делегација во Скопје, која е и поддржувач на проектот.

florozon

Инаку проектот на Флорозон и Сумнал се реализирашево изминатите 18 месеци  а финансиски беше поддржан од Европската Унија со цел да  да го поттикне еколошкото истражувачко новинарство во Македонија.

florozn5

На завршната конференција се одржаа три сесии. Во првата сесија беа презентирани резултатите од проектот, а на неа свое излагање имаа претставникот на Европската делегација во Скопје и проектниот менаџер Кирил Ристовски.

Во втората сесија на која учествуваа и свои ставови соопштија новинарот Гоце Трпковски, претставникот на Агенцијата за аудио и аудио/визуелни медиумски услуги Зоран Фидановски и претставничката на Националната коалиција за чист воздух Ели Пешева, се презентираа предлог политиките за практицирање и стимулирање на еколошкото истражувачко новинарство.

florozon4

На последната сесија од конференцијата регрантистите ги презентираа своите истражувачки приказни а воедно беа извлечени и  три предлог политики адресирани до Агенцијата за аудио и аудио/визуелни медиумски услуги, до Македонската Радио Телевизија и Владата на Р.Македонија. Тие се однесуваат на поголема застапеност на содржините од областа на животната средина во програмските шеми на медиумите  со цел поттикнување на еколошкото истражувачко новинарство и подобра информираност на граѓаните за состојбите во животната средина.

На конференцијата организаторите доделија и награди за најуспешни еколошки фотографии.

Заедно со тимот на Фокус, на завршната конференција присуствуваа и општинската инспекторка за заштита на животна средина  Билјана Шуркова Манаскова и коцесионерот на велешката депонија со троска Владо Момировски, кои беа соговорници во процесот на подготовка на еколошката истражувачка приказна „Еколошка бомба демнее над велешани - има ли решение за згурата од Топлилницата?“ на фондација Фокус.