Лозово, 23.02.2018 година. Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес одржа дебата на тема „Волонтер – Волонтерство“. Пред присутните учесници на дебатата се потенцираше важноста, непроценливата вредност и придобивките од волонтеризмот во локалната заедница. Претставникот на Фондација Фокус, Диме Велев ја презентираше рамката на волонтерствто во светот и Република Македонија Тој истакна дека волонтерството не е загубено време, напротив тоа е непроценливо стекнато икуство и добивка за секој поединец. Присутните имаа можност да ги слушнат можностите за волонтирање, нивните права и обврски регулирани со закон.

Учесниците на дебатата истакнаа дека волонтерството треба да се стекнува уште во најрана возраст па затоа наставниците се трудат да го промовираат меѓу учениците, со цел активно да се вклучуваат во развивање и разубавување на локалната заедница. Тие информираа дека редовно имаат акции за чистење на училниците и училишниот двор на доброволна основа.

Дел од присутните ја истакнаа потребата од соработката со локалната самоуправа па затоа испратиле барање до локалната власт да се дислоцира мини депонијата што се наоѓа до амбулантата и со заедничка акција на жителите да се исчисти местото. Потенцираа дека волонтерството може да се практикува и со помагање на старите изнемоштени лица во општината.

Меѓу присутните имаше и граѓани на Лозово кои што ја истакна потребата од функционирање на доброволни противпожарно друштво бидејќи постои интерес за доброволен волонтерски ангажман.

Освен повозрасните, голем интерес за дебатата покажаа и младите во општина Лозово. Тие слушнаа за тоа како можат и преку кои форми да се организираат за да го збогатат своето знаење, да ги поттикнат и развиваат своите вештини и да бидат активни чинители во развивањето на локалната заедница. 

Дебата е дел од годишните активности на Фондација Фокус поддржани од Civica mobilitas.