„Фокус во фокусот“ е насловот на прифатената апликација од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка со која Фондација „Фокус“ аплицираше на јавниот повик за доделување на грантови од програмата „Одржливо граѓанско општество: Државно финансирање за граѓански организации“.

„Фокус“ во наредните 12 месеци ќе го реализира проектот кој има за цел да ја зајакне кредибилноста на Фондацијата како сериозен и одговорен чините преку реевидирање и воспоставување на нови внатрешни правила и процедури, како ефективна, транспарентна и отчетна граѓанска организација. Финансиската поддршка изнесува 7.500 евра.

Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

Целта на грантот е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење.