Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Четиринаесет претставници на граѓански организации од Полошки и Југозападен Регион викендов присуствуваа на обука на невладини организации за следење на јавните набавки. Целта на обуката беше поголема вклученост на граѓанските организации во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.

Начините на кои граѓанските организации можат да ги следат јавните трошења, механизмите и инструментите што им стојат на располагање, како и аспектите што треба да ги имаат предвид при набљудувањето на трошењето на јавните пари беа темите за кои се говореше на обуката. Покрај овие присутните претставници на граѓанските организации дознаа како се спроведуваат набавките, кои податоци се јавно достапни и каде можат да се најдат, како се врши контрола, надзор и ревизија на набавките, како и која е улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата во јавните набавки

Последната од серијата обука наменети за невладините организации која ќе се одржи во ноември, ќе биде наменета за претставници на граѓанските организации од Скопскиот Регион.

Проектот Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки го спроведува Центарот за граѓанскикомуникации од Скопје во партнерство со Фондација Фокус е финансиран од Европската Унија.