cacaslikaohrid fin

Охрид, 23-25.11.2018

Заврши и последната од петте интензивни обуки на кои 61 претставник на граѓански организации од сите региони во земјава научија како можат да го следат трошењето на јавните пари преку тендерите, секој во своето место на делување или според областите на интерес.

Меѓу опфатените теми беа: зошто се важни набавките, како тече постапката, што ни нуди системот за јавни набавки, каде да ги бараме другите потребни податоци, кои се црвените точки на кои треба да внимаваме при анализа на тендерите и уште многу прашања кои произлегуваа од живите дискусии поттикнати од конкретни примери од секојдневието и од медиумите.

 за време на обуките, и според евалуациите, општоприсутна беше многу позитивната реакција на учесниците од совладаното на обуките. Сепак, на крајот, задоволството од успехот беше на организаторите - Центарот за граѓански комуникации и Фокус, кои го спроведуваат проектот финансиран од ЕУ „Мрежа на невладини организации за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“.