Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“, чија генерална цел е зголемување на влијанието над општината за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција од корупција објавува:
Јавен повик за ангажирање на субјект за изработка на графички дизајн и за подготовка
на електронско издание на финален извештај - АНАЛИЗА
Субјектот треба да има искуство од областа графички дизајн и подготовка на електронско издание на финален извештај – Анализа за потребите на проектот што е составена од содржина ,вкупно дваесет (20) страници, на кои е распореден текст, илустрации и графички елементи ( графикони и табели).
Конкретно, субјектот потребно е:
- да го подготви графичкиот дизајн на финалниот извештај - Анализата,
- графичкиот дизајн да го прилагоди и во форматот за печатење на финалниот извештај - Анализата ( димензии 165 x 235мм)
- да го подготви форматот на електронското издание на финалниот извештај – Анализата за постирање на веб страници и
- да го постира електронското издание на финалниот извештај – АНАЛИЗА на веб страницата на Фондација „Фокус“ - Велес.
Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање за изработка на графички дизајн и за подготовка на електронско издание на финален извештај - АНАЛИЗА , потребно е да достават: понуда без ДДВ и CV или профил од досегашната работа.
Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 25.12.2018 год. (вторник) до 16.00 часот или лична достава на документите на адресата на Фондација за локален развој и демократија „ФОКУС“ ул: „Солунска 2 А“ со назнака (за проект: Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола) 1400 Велес.
Овој документ е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција". Содржината е единствена одговорност на авторите и на Фондација Фокус и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.