23.01.2019, Велес
Во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки “ се одржа дебата за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на деветте општини од Вардарски плански регион во однос на јавните набавки.
Претставници на општини, институции, граѓански организации и фирми ги искажаа своите размислувања на оваа тема откако претходно беа презентирани наодите од истражувањето за Вардарски плански регион и генералните наоди за дваесет и една инстутуција на државно ниво.
Истражувањето за општините го спроведе невладината ЕХО од Штип, која е регрантинст за Вардарски плански регион. Презентираните резултати според кои општина Велес и општина Свети Николе се наоѓаат во високо ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, а останатите седум општини се во ограничено ниво се однесуваат на 2017 година.Вакво истражување ќе биде спроведено и за 2018 година.
Во проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ Фондација Фокус е партнер на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. Проектот ќе трае до крајот на оваа година. Истиот е финансиран од Европската Унија.