за претставници на месните и урбани заедници од општините Велес, Градско, Лозово и Чашка
Почитувани,
Фондацијата за локален развој и демократија Фокус-Велес, Ве поканува да учествувате на информативна средба со претставниците на месните и урбани заедници од општините Велес, Градско, Лозово и Чашка која ќе се одржи на 26 октомври 2007 (петок) во Ресторан „Снупи“ (Офицерски дом) во Велес, со почеток во 12:00 часот.
Целта на средбата е да се информираат претставниците на месните и урбани заедници за законската рамка за нивното функционирање, да се запознаат со правилата за работа на месните самоуправи, нивната улога и со тоа да ја подобрат својата работа.
Информативната средба се организира во рамки на проектот „Општини според визија на граѓаните“ чија цел е заживување на функцијата на месните самоуправи во споменатите 4 општини. Во рамки на проектот, финансиски подржан од ФИООМ, беше направена анализа на работата и потребите на месните самоуправи и како резултат од истата, произлезе и потребата за организирање ваква средба.
На средбата ќе бидат презентирани резултатите од спроведената анкета а предвидено е да присуствуваат претставници од Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, градоначалниците и одговорните лица за соработка со месните самоуправи од четирите општини.
Најискрено се надеваме дека ќе одговорите позитивно на нашата покана и дека ќе придонесете во остварувањето на нашите заложби за подобрување на функцијата на мсните самоуправи.
Велес,22.10.2007
Со почит, Веса Шкортова
Извршен директор