Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

e bazazgrizen bolen sogragjaninТимот на „Фондација Фокус“ и „Хаус од хоуп – Ленче Здравкин“ вклучен во реализацијата на проектот „Е-база на добро спакувани податоци на граѓани од социјално ранливи групи“ при реализацијата на мапирањето случајно го откри лицето С.А (59), болен од хемофилија на кого му беше потребна здравствена помош.

Болниот сограѓанин во неговиот дом, кој не поседува хумани услови за живот, живее сам со парична помош што ја добива од Центарот за социјални работи. Иако за него се грижат братот и сестрата кои секојдневно доаѓаат да му приготват храна, да го средат домот и да му помагаат да седне на ветвиот кауч на С.А, за да го нахранат, преоблечат и да го однесат до бањата беше очигледно дека на болниот велешаниец му е потребна здравствена помош.

Во разговорот што полека се разви помеѓу граѓанските активисти и С.А тој им соопшти дека се сомнева дека неговата здравствена состојба може да го поднесе транспортот до Скопје каде можеби и поради епидемијата на коронавирусот нема да биде примен. За потоа да додаде дека и парите за него преставуваат проблем . Малку надеж и оптимизам внесоа кај болниот маж граѓанските активисти кога му соопштија дека тие во негово име ќе побараат помош од јавните здравствени институции во градот.

И покрај тоа што болеста на С.А се лекува во специјализирана медицинска установа сепак за помалку од еден час по телефонскиот разговор со директорот на болницата, денеска 19 март 2020 година, за овој наш сограѓанин велешка болница обезбеди соодветни услови и лекар што ќе се грижи да се подобри неговото здравје додека директорот на здравствениот дом и Итната помош обезбедија возило за транспорт од домот на ул: „Крали Марко“ до болницата.

Со тоа ЈЗУ Општа болница Велес и ЈЗУ Здравствен дом Велес покажаа општествена одговорност и покажаа дека се хумани институции. Тимот на „Фондација Фокус“ и „Хаус од хоуп – Ленче Здравкин“ ќе ја следи здравствената состојба на С.А. за која верува дека ќе се подобри по назначената терапија и овозможената нега од страна на медицинските работници.

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.