Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

budget-2012

На 10.12.2011 година во општина Велес се одржа јавна расправа по нацрт-буџетот на општината и програмата за работа на Совет за следната 2012 година. На расправата присуствуваа 23 учесници меѓу кои претседателот на Совет, Славчо Чадиев, 12 претседатели на месни заедници, 7  претставници од здруженија на  граѓани и  фондации и 4 претставници од општинската администрација.

На јавната расправа  од раководителот на одделението за финансирање и буџет, Љупче Андреевски детално беше презентиран нацрт -буџетот на општината за 2012 година кој е во вкупен износ од 720.663.477  денари.  
Од претседателот на Советот, Славчо Чадиев, беше образложена програмата за работата на Советот во следната 2012 година. Тој исто така ги информираше присутните дека имаат рок до 23 декември да поднесат предлози  за воведување нови активности во работата на Советот.
Присутните, јавната расправа ја искористија и за тековни прашања, а беше даден и предлог до поканетите на јавните расправи да бидат доставувани целосните материјали кои се поставени како точки на разгледување на јавната расправа.

budget-2012-2