Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

POUMacaOvcarovanaslovna fin

Фондација Фокус на 1 јуни 2020 година ја одржа првата координативна средба со директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ на која што извршната директорка на Фокус Убавка Јаневска ги информираше за конкретните активности поврзани со реализацијата на проектот „Зелени детски градини„ во кои двете општински установи се партнери на фондацијата.

Состанокот се одржа во ПОУ „Маца Овчарова“ по што следеше детално разгледување на дворното место и утврдување на подготвителните работи пред почетокот на подигнувањето на „Зелената детска градина „

Дворната површина беше затекната со многу смет кој пазарџиите преку оградата го фрлаат преку оградата после секој пазарен ден во градот.

До почетокот на новата учебна година училиштето превзеде обврска да обезбеди поддршка од ЈКП „Дервен“ за поставување на заштита, чистење на сметот, косење на тревата , фрезирање на земјата и отворање на нова влезна врата во „Зелената детска градина“.  Фондација Фокус во соработка со ПОУ „Маца Овчарова“ да подготваат календар на активности согласно предвидените активности во проектната апликација и да ги прилагодат на условите на епидемијата од Ковид 19.

Проектот „Зелени детски градини“  е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на конкурсот за распределување за средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности на граѓански организации од областа на животната средина за 2020 со финансиска поддршка од 300.000,00 денари.