Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ProektDetskizelenigradini fin

По оценката дека станува збор за квалитетно осмислен , едукативен, инклузивен, еколошки и особено потикнувачки за грижа за животната средина како и за здрав начин на исхрана за најмладата популација во градот Општина Велес одлучи со 71.150,00 денари да го поддржи проектот „Зелени детски градини“ на Фондација Фокус со партнерите.

Финансиските средства во целост се наменети за обезбедување на материјали за работа што се неопходни за подигнување на вертикалните градини откако Фондација „Фокус“ и ОУДГ „Димче Мирчев“ обезбедија преку донација од опшествено одговорните фирми „Хемомак“ и „Ронтис“ вкупно 125 палети на кои ќе бидат закачени вкупно 80 жардињери со држачи , боја за бојадисување и заштита на палетите, саксии за билки , хумус, тегли со капаци за пакување на билките и заштитна УВ мрежа .

Помош во изработка на посебна влезна врата за ПОУ„Маца Овчарова“, во собирањето и транспортот на сметот од дворот, во косењето на тревата и во фрезирањето на почвата на „Зелената детска градина“ училиштето имаше од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на конкурсот за распределување за средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности на граѓански организации од областа на животната средина за 2020 со поддршка од 300.000,00 денари.