со претставници на месните самоуправи од општините Велес, Градско, Лозово и Чашка
Во петокот на 26 октомври 2007 година, Фондацијата за локален развој на демократијата ФОКУС, во ресторан Офицерски – Снупи во Велес, организираше „Информативна средба со претставниците на месните и урбани заедници од општините Велес, Чашка, Лозово и Градско“.
Темата на оваа средба беше - ,,Презентирање на резултатите од анкетата За потребите на месните и урбани заедници,,.
Шеесетина присутни претставници на овие облици на организирање на локалниот живот, од сите четири општини, беа запознати со резултатите од анкетата, состојбите во кои се наоѓаат месните самоуправи и со можностите кои Фондацијата ФОКУС им ги нуди како поддршка на нивната работа, од техничка природа до сала за состаноци.
Претставниците на локалните и урбани заедници го искажаа нивниот проблем со работењето, а како приоритетни потреби кои се потребни на Советите на месните самоуправи, за упешно работење ги наведоа:
• пишан документ во кој ќе биде презентирани правата и обврските од новиот Закон за локална самоуправа и негово толкување;
• oрганизирање работилница за тоа како да дојдат до донатори;
• организирање редовни средби со градоначалниците, на овој начин би ги искажале проблемите, бидјеќи немаат начин да дојдат до првите луѓе на локалната власт.