Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Polevanjesoucitelka

Се полнат со род на магдонос, нане и хербални растенија жардиниерите и секојдневно се следи процесот на растење со помош на креативните метра во ПОУ „Маца Овчарова“. При посетата на проектниот тим на училиштето, на 2 ноември 2020 година, учениците со помош на наставниците ги наводнуваа, плевеа и набљудува засадените растенија.

MetromerenjevoPOUSonja1

Податоците се внесуваа во Зелениот дневник. Така се учи зелената приказна за здрава храна од страна на учениците во ова училиште.

Metromerenje1

Се прават и споредби, од ден во ден, колку сантиметри израснале растенијата и се споредува со висината на учениците кои се учесници во проектот.

Тие покажуваат особена грижа кон растенијата и со нетрпение ја очекуваат бербата.

POUNastavniksoucenikizardiniera

Проектните активности ги мобилизираа учениците, велат наставниците. Според нив Зелената приказна се пренесува и во домовите каде со помош на родителите се одгледува зеленчук и хербални растенија.

POUDecinjameratsolenir

Во исто време започна процесот на подготовка на дворот на училиштето за засадување на туите што како дел од проектот ќе треба да допринесат за почист воздух и користење на дворната површина како училница на отворено.

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.