Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Picture-010

На 09.12.2011 година во општина Градско се одржа јавна расправа по нацрт-програмите и нацрт-буџетот на општината за следната 2012 година. На расправата присуствуваа 15 учесници меѓу кои 6 претседатели на месни заедници, 3 советници, претставник од основното училиште, 2 од здруженија на  граѓани и 4 претставници на општинската администрација.

Picture-020

На јавната расправа од претставник на локалната администрација беа презентирани 5-те развојни програми на општина Градско и тоа програма за изградба на локален пат од Горно Чичево до Долно Чичево, програма за изградба на локален пат до село Кочилари, програма за доградба на системот за водоснабдување во општина Градско, програма за изградба на спортска училишна сала и програма за изградба на повеќенаменско спортско игралиште.    Покрај презентација на програмите беше образложен и нацрт-буџетот.на општина Градско за 2012 година кој е во износ од 87 милиони и 429 илјади денари.


 По презентацијата на програмите, претседателот на МЗ Чичево побараа одговор од локалната самоуправа дали ќе биде асфалтиран патот од Горно до Долно Чичево по целата должина од 1400 метри или само предвидените 1073 метри, на што му беше одговорено дека општината ќе направи напор истиот целосно да биде асфалтиран. Претседателот на МЗ Ногаевци праша дали мостот во селото ќе биде направен во тековнава година, а од ЗГ Надеж побараа општината да размислува за изградба на дневен центар на лица со посебни потреби.