Се одржаа јавните расправи по Нацрт-документите на Општина Велес за 2009 година. Можности за нови предлози и дополнувања се уште постојат. Истите можат да бидат поденсени лично во општината, по електорнски пат на е-миал Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно на веб порталот на општината www.veles.gov.mk.
Фондацијата ФОКУС и Општина Велес, по пети пат организираа јавни расправи по нцарт - документите на општината за 2009 година. Јавните раправи се одржаа на 30.10.2008 за претставниците на месните самоуправи, 03.11.2008 за претставници на институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани. На присутните претставници Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски ги презентираше нацрт – програмите, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.
На јавните расправи учество земаа околу 120 учесници - претставници на месните и урбани заедници, институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани.