Фондацијата ФОКУС и Општина Чашка, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа на 24.11.2008 за претставниците на месните самоуправи, во просториите на ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка.
На присутните претставници од 7 месни заедници, преставници на администрацијата на Општина Чашка им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реалзиација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.