Се одржаа јавните расправи по Нацрт-Буџетот на Општина Велес за 2009 година.
Фондацијата ФОКУС и Општина Велес, по пети пат организираа јавна расправа по Нацарт - Буџетот на Општината за 2009 година. Јавната раправа се одржаа на 24.12.2008 за претставниците на месните самоуправи, институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани. На присутните претставници Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски го презентираше нацрт – буџетот, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите предлози за дополнување на буџетот.
На јавната расправа учество земаа околу 56 учесници - претставници на месните и урбани заедници, институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани.