Image

 

Фондацијата ФОКУС и Општина Лозово, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа  на 25.12.2008 за претставниците на месните самоуправи,  во просториите на Општина Лозово.На присутните претставници од 11 месни заедници и НВО, претставници на администрацијата на Општина Лозово им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реализација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.

На оваа работилница беа идентификувани следните приоритети -

Image

 

Барање од М.З Лозово. Опис на барани активности1. Одводнување и прочистување на одводен канал Х.С”Брегалница”.2. Враќање во функција на јавна чешма “Караџалија”.3. Регулирање на атмосферската водана ул. ”Кочо Рацин”, “Питу Гули ” и “Јане Сандански”.4. Изградба на детски забавен парк и трим патека.

Барање од М.З Дорфулија Опис на барани активности1. Доизградба на канализациона мрежа.2.Изградба на канали за атмосферско одводнување.3. Тампонирање на улиците.4. Осветлување на патот Лозово - Дорфулија.

Барање од М.З Каратманово Опис на барани активности 1. Доизградба на канализациона мрежа.2. Изградба на спортско игралиште.3. Подигање на свеста на месното население “За здрава вода за пиење”.

Барање од М.З Милино Опис на барани активности 1. Санација на патото Милино - Лозово во должина од 300 м.2. Попесочување на главната улица со учество на месното население.3.Реконструкција на електрична мрежа (оштетени дрвени бандери и замена со бетонски).

Барање од М.З Сарамзалино Опис на барани активности1. Санација на главната улица.2. Партерно уредување на јавната чешма.

3. Изградба на фекална канализација.

 

Image