Фондацијата ФОКУС и Општина Градско, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа  на 26.12.2008 за претставниците на месните самоуправи,  во просториите на Општина Градско.На присутните претставници од 9 месни заедници и НВО, претставници на администрацијата на Општина Градско им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реализација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.

На оваа работилница беа идентификувани следните приоритети -

Барање од М.З Ногаевци Опис на барани активности 1.Реконструкција на мостот на реката Вардар.2. Асфалтирање на главната улица во С. Ногаевци во должина од 2 км.

Барање од М.З Градско Опис на барани активности.1. Обезбедување на простории за граѓански сектор.2. Отворање на дневен центар за деца со посебни потреби.

Барање од М.З Горно Чичево Опис на барани активности 1. Асфалтирање на патот од Д. Чичево до Г. Чичево во должина од 1 км.2. Канализација (со учество на месното население).3. Санација на црквата (со учество на месното население).4. Поставување на сообраќајна сигнализација.

Барање од М.З Долно Чичево Опис на барани активности.1.Нов зафат на изворот за вода.2.Канализација (со учество на месното население).3.Поставување на сообраќајна сигнализација.

Барање од М.З Уланци Опис на барани активности1. Реконструкција на мостот на реката Вардар.2. Асфалтирање на патот од Ж. Вардар до с. Уланци околу 2 км (постои техничка документација). 3. Тампонирање на 5 улици. 4. Базен за прочистување на водата за пиење. Барање од

М.З Виничани Опис на барани активности1. Асфалтирање на главната улица околу 250 м. 2. Асфалтирање на споредни улици околу 500 м.