Сведоштвото "Детските солзи кога течат" од г-а Соња Гаврилова, членка на Управниот одбор на Фондација „Фокус“ кое беше објавено пред точно една година, ќе стигне до уште побројна публика и надвор од границите на Р.Македонија. Со поддршка од невладините Охо и Студиорум книгата е преведена на англиски јазик и отпечатена во 200 примероци со што судбината на велешките деца заболени од тридецениското загадување од Топилницата ќе биде пренесена до меѓународните институции.
Фондација Фокус заедно со останатите граѓански организации Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, Охо и Студиорум по ова издание очекуваат уште поголема поддршка и помош од меѓународните организации во признавањето на вистината за Велес и ставање крај на најголемото зло што му се случи на градот.