Првите 22  пакети составени од облека, обувки и училишен прибор, стигнаа до оние на кои им се најпотреби.  Фондацијата „Фокус“ на овој начин, како што најави, симболично го одбележа  17-ти Окктомври „Денот за борба против сиромаштијата“.
 
Image

Донираните предмети беа собрани во текот на „Неделата на детето“ во рамки на големата хуманитарна акција „Од децата за децата“ реализирана во соработка со основните училишта во градот.
            Image Image
Распределбата на донацијата ќе продолжи и во текот на наредните денови со оглед на тоа дека се собраа донации од кои се направија пакети за над 100 деца.