Фондација „Фокус“ предаде дел од донираната облека и обувки на Здружението на трудови инвалиди од Велес кои понатаму ќе ја поделат на членовите и лицата на кои таков вид на помош им е потребна. Со ова заврши и последната дарителна акција, во која граѓаните самоиницијативно донираа.
Од оваа акција претходно, донации беа поделени на децата сместени во дом семејства и уште неколку социјално – немоќни семејства од градот. Фокус им се заблагодарува на граѓаните за нивната самоиницијативност и хуманост и за довербата кон Фондацијата и ќе продолжи со редистрибуција на секоја пристигната помош.