Фондацијата „Фокус“ додели уште една финансиска помош за плаќање на партиципација на една студентка за упис на Факултетот за безбедност при универзитетот „Св.Климент Охридски„ во државната квота за учебната 2012/2013 година.
Средствата се обезбедени од касичките за донација, кои се поставени во маркетите Алфа,Ани 96 и хотел Романтик а во кои граѓаните редовно донираат.
Од пристигнатите 8 пријави од ученици од сите средни училишта во Велес, комисијата ја избра ученичката од ССОУ„Димитрија Чуповски“ со највисок постигнат успех во текот на четирогодишното школување и највисоки оценки од државната матура.