Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Донирајте и Вие

Ж- ска - 380-4-265380-001-03 Банка Депонент Прокредит банка
 
 
Малите велешки пациенти од детското одделение при Општата Болница заслужуваат подобри услови за лекување

 

Малите велешки пациенти од детското одделение при Општата Болница заслужуваат подобри услови за лекување, поради што Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ започна проект „Насмевка во пижами“.
Со него на децата од ова одделени треба да им се обезбеди постелнина,пижами, сликовници, детска литература постери, слики, бидејќи истото од далечната 1977 година не е подновено ниту има неопходни детски работи.
Проектот ќе трае до месец Февруари 2008 година во кој период очекуваме дека ќе собереме потребните средства за Детското одделение да добие нормален лик за 21-от век. Сите што сакаат да помогнат се добредојдени, а очекувам дека ќе помогнат не само граѓаните преку кутии за парична помоиш, туку и стопанствениците од Велес.
Крајна цел е да се соберат доволно средства со што би се подобриле условите за престој на децата кои се лекуваат на ова одделение.

Организаторот на кампањата Фондацијата Фокус, која се промовираше на неодамнешниот саем на НВО е задоволен од почетокот и велат дека ако се суди по утрото, ќе имаат добар одзив, бидејќи прв донирал претседателот на Македонија Бранко Црвенковски.
проектот ”Насмевка во пижами”, чија цел е прибирање на финансиски средства од локални извори за доопремување на детското одделение при Општата болница во Велес и зголемување на јавната свест во насока на развој на локалната филантропија. Преку различни техники за мобилизирање на локални ресурси, прибраните средства ќе бидат употребени за набавка на постелнина, детски пижами, сликовници, детска литература, постери, слики и др. со што би се подобрил амбиентот за престој на децата кои се лекуваат на ова одделение.


Носител на проектот е Фондацијата Фокус од Велес, а истиот се реализира во рамките на Програмата за грантови за филантропија раководена од Центарот за институционален развој (ЦИРа), во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).


Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус”- Велес ги унапредува демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро управување и одговорно граѓанство.


За повеќе информации контактирајте ја Даниела Настова, асистент на проект на тел. 043/ 211 583.