Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Чашка успешно реализираа иницијатива во Горно Јаболчиште поддржана од амбасадата на Сојузна Република Германија.

Image


Иницијативата во чија што реализација  активно се вклучи и месното население опфати изградба на пат кој води кон основното училиште ,,Лирија,, во должина од 80 метри, потпорен ѕид покрај истиот, пристапен пат од 20 метри кој го поврзува училиштето со игралиштето и набавка на клупи, клацкалки и спортска опрема за училиштето.

Image

Вкупната вредност на проектот е 10 илјади и 570 евра, од кои 6 илјади евра беа обезбедени од Германска амбасада, а останатите се учество на општина Чашка и  локалното население.
Со изградбата на патот, потпорниот ѕид и набавката на спортската и урбана опрема е исполнета целта на проектот, односно веќе е обезбеден безбеден пристап на учениците и родителите до училиштето и подобрени се условите за изведување на наставата по физичко образование во основното училиште ,,Лирија,, во кое учат 503 деца.
Оваа иницијатива произлезе од самите граѓани на инфо координативните средби кои Фокус втора година ги организира во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и на кои меѓудругото се дискутира и за тековните проблеми.
Фондација Фокус и е благодарна на Германската амбасада што несебично ја даде својата поддршка за надминување на овој проблем со кој се соочуваат жителите особено децата кои секојдневно минуваа по оштетениот најчесто каллив пат за да стигнат на училиште.