Велес, 17 декември 2015 - Повеќе од 25 фирми од Велес, Кавадарци, Чашка, Штип и Виница ја посетија обуката за спроведување на целосно електронска постапка за јавни набавки. Постапката за учество на тендери за јавни набавки која се спроведува по целосно електронски пат на претставниците на микропретпријатијата им беше презентирана од сертифициран обучувач од Бирото за јавни набавки.
Ова знаење на микропретпријатијата ќе им послужи за нивен посигурен настап на пазарот на јавни набавки заради тоа што почнувајќи од први јануари 2016 година стапија на сила одредбите од законот за јавни набавки кои се однесуваат на задолжително спроведување на постапките за јавни набавки со користење на електронски средства во најмалку од 30 проценти од објавените огласи. Обуката се одржа во рамки на УСАИД проектот за поддршка на микропретпријатија до јавните набавки.