MK@EU

Почитувани,

Македонскиот центар за европско образование и Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во рамките на проектот „Акција за Европа“, оваа година, организира тематска конференција насловена како  „Да зборуваме за животната средина“. Конференцијата ќе се одржи на 26 мај 2010 во големата сала на хотелот „РОМАНТИК“ со учество на експерти од Македонија и од странство, како и учесници од повеќе градови од Република Македонија.


Пред конференцијата ќе се случува дискусија за надворешната политика во која Н.Е. г. Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција ќе зборува за надворешно-политичките приоритети на своите држави vis-a-vis Европската унија, политиката на проширување и Република Македонија, како и за приоритетите во однос на политиката за животна средина.

Дискусијата за надворешната политика ќе започне во 11.00 часот.

АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА
Да зборуваме за животната средина
26 мај 2010
Велес




11:00 – 11:45    РАЗГОВОРИ ЗА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА
Воведно обраќање
Н.Е. г. Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција
„Надворешно-политичките приоритети на Франција во однос на ЕУ, проширувањето и Македонија и приоритетите на политиката за животна средина“

11:45 – 12:00    ПАУЗА    

12:00 – 15:15    ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

12:00 – 13:00    Заштита на диви видови – Европски искуства и македонски предизвици

Воведни обраќања
Европски искуства – Еколошки центар - ARCTOUROS
Лазарос Георгиадис, научен координатор
Антонис Ригас, проектен координатор
Македонските предизвици – Македонско еколошко друштво
Александар Стојанов, проектен координатор
Методија Велевски, проектен координатор

Дебата
Модератор: Андреја Стојковски

13:00 – 14:00    Заштитени подрачја – Европски искуства и македонски предизвици
Европски искуства – Градски совет на Арука и Гео-парк Арука
Маргарида Белем, Градски совет на Арука
Мануел Валеиро, проектен координатор
Македонските предизвици
Славко Дамевски, независен експерт

Дебата
Модератор: Андреја Стојковски

14:00 – 14:15       КАФЕ ПАУЗА

14:15 – 15:15    Предизвици на еколошкото управување и актуелни можности за финансирање
Министерство за животна средина и просторно планирање
Владо Каровски, раководител на одделение
Универзитет ФОН
Билјана Пулеска, доцент
Наташа Јованова, Македонски центар за европско образование (МЦЕО)

Дебата
Модератор: Андреја Стојковски

15:15    РУЧЕК