Фондацијата за локален развој и демократија – Фокус е невладина и непрофитна организација со седиште во Велес, Република Македонија. Мисијата на организацијата е насочена кон унапредување на демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро управување и одговорно граѓанство во општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка.

Во рамки на програмските активности Фондацијата „ФОКУС“ го реализира проектот „Ние за заедницата“ поддржан од Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ) Скопје, преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави (УСАИД). За потребите на проектот го објавуваме следниов:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  КОНСУЛТАНТ

Од консултантот се очекува да работи на изградба на капацитети на претставници од НВО за следење на процесот на подготовка и реализација на општинските програми и буџети и да направи анализа на опфатот на предложените граѓански приоритети во годишните програми и буџети на општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка.

Согласно предвидените проектни активности, консултантот треба да:
- Одржи тридневна обука за процесот на подготовка на општински  буџети;
- Подготви основна методологија за следење на реализација на општински  буџети;
- Обезбеди консултантска /менторска поддршка на НВО за подготовка на методологија за мониторинг во соодветните општини од кои доаѓаат претставниците на НВО;
- Подготви компаративен извештај за опфатот на граѓанските приоритети во годишните програми на општините.

Кандидатите треба да ги исполнaт следниве услови:

• Да имаат искуство во одржување обуки за процесот на креирање и реализација на општински програми и буџети;
• Да имаат искуство во  подготовка на компаративни студии и извештаи;

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
• Кратка биографија;
• Предлог методологија за мониторинг и анализа на програми и буџет;
• Предлог програма за обука;
• Листа со референци;
• Цена на чинење на услугата.

Ангажманот се однесува на вкупно 20 работни денови во периодот од февруари до ноември 2009

Документите, може да се достават лично во просториите на Фондацијата или да  се испратат на следната адреса:

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес 
на ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес,
со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК

Јавниот повик  е отворен до 27 јануари 2009 година. Избраниот кандидат ќе биде контактиран најдоцна до 02 февруари 2009 год.

Дополнителни информации за јавниот повик може да се добијат на веб страната на Фондацијата, www.focus.org.mk и на телефон: 043 221 583 секој работен ден од 9:30 до 16:00 часот.

Лица за контакт:
Веса Шкортова и Димче Велев

Image

Опис на процесот и работни обврски на консултантот

Кратко резиме на проектот: Целта на проектот „Ние за заедницата“ е да го промовира и поттикне доброто управување во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и да овозможи активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и креирање локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Во рамки на проектот организирани се работилници за утврдување на граѓанските приоритети за 2009 година кои писмено и директно на јавни расправи се доставени до општинските служби со цел да бидат земени предвид при подготовка на програмите и буџетите на општините. Во рамки на останатите проектни активности предвидено е да се развијат капацитети во НВО за следење на процесите на креирање и реализација на општинските буџети и да се направи анализа на опфатот на граѓанските приоритети во финалните програми и буџети.
Цел: Градење капацитети за разбирање на процесот на подготовка на општинските буџети и подготовка на компаративен извештај за нивото на опфат на граѓанските приоритети во годишните програми и буџети во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.

Компонента 1

 

 

 

Компонента 2

- Градење капацитети за разбирање на процесот на подготовка и реализација на општинските програми и буџети

Согласно намерата да се изградат локални капацитети за следење на реализацијата на општинските буџети, консултантот ќе има обврска да:

- оспособи претставници од НВО за понатамошно самостојно следење на процесите на подготовка и реализација на општинските програми и буџети;

- да обезбеди консултантска/менторска поддршка на НВО за подготовка на методологијата за мониторинг во соодветните општини од кои доаѓаат претставниците на НВО.

- Следење на реализацијата и анализа на општинските програми и буџети. Согласно намерата да се согледа опфатот на предложените граѓански приоритети во општинските програми, консултанот ќе има обврска да:

- подготви методологија за следење на реализацијата на општинските програми и буџети;

- да подготви компаративен извештај за опфатот на приоритетите на граѓаните (доставени писмено до општините и дефинирани на работилници и јавни расправи организирани од Фондацијата „Фокус“).

Активности и испорака Активности Бр. на денови Краен рок на испорака
1. Изработка на методологија за мониторинг и проценка на нивото на опфат на граѓански приоритети 2 13/02/2009
2. Реализација на обука 3 25/03/2009
3.Учество во процес на мониторирање и консултантски услуги 8 01/04-10/09/2009
4.Работна верзија на компаративен извештај 5 15/10/2009
5.Финална верзија на компаративен извештај 2 20/10/2009
Очекувања Да се создадат капацитети за активно следење на процесите на буџетирање во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.
Процедури

- Конкурсот е отворен за сите заинтересирани кандидати од 21 до 27 јануари 2009- Изборот на консултант ќе заврши до 02 февруари, 2009

- По изборот, консултантот ќе потпише договор за авторско дело со Фондацијата „Фокус“ – Велес, за работен ангажман од вкупно 20 работни денови.

- Конкурсот ќе биде објавен во дневниот весник „Дневник“, на веб страната на Фондацијата www.focus.org.mk и на огласна табла во Домот на НВО во Велес.

-При аплицирањето, кандидатите треба да достават: кратка биографија, предлог програма за обука, предлог методологија за мониторинг и анализа на програми и буџет и цена на чинење на услугата.

- Документите може да се достават лично во просториите на Фондацијата или да се испратат на следната адреса:

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес

ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес, со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК

Услови при избор

При изборот на консултант ќе се земат предвид следните критериуми:

· Понудена предлог методологија за мониторинг и програма за обука;

· Искуство во одржување на обуки за процес на креирање и реализација на општински програми и буџети;

· Искуство во подготовката на компаративни студии и извештаи;

· Листа со рефернци

· Понудена цена на чинење