Во рамки на проектот за Институционален развој на Фондацијата „Фокус”, кој е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, на 26 и 27 септември во Хотелот Молика се одржа работилница за „Подготовка на стратегија за финансиска одржливост на Фондацијата Фокус од Велес”.
На работилницата присуствуваа вработените во Фондацијата, волонтерите, членовите на Управниот одбор и основачите на Фондацијата „Фокус” како и консултантите од консултантската куќа „БАСМЕ-К&Т”.
Во рамките на работилницата се изготви анализа на состојбите, се презентираа стратешките цели на Фондацијата, се редефинира стратешкиот план и се подготви финансиски план за одржливост на Фондацијата „Фокус” од Велес.