Опрема вредна 24 илјади долари (4 компјутери, печатар, телефонска централа, сервер, клима уред и возило) на Фондација Фокус и подари УСАИД. Припоредавањето на опремата во просториите на Фондацијата го изврши г-дин Ерик Пасифик, директор на канцеларијата за демократија и локална самоуправа во УСАИД.
 
Image
Се работи за редовна практика на УСАИД користената опрема по завршувањето на проектите да ја донира на успешни невладини организации. Оваа опрема Фокус ја доби како резултат на успешно спроведените три проекти во изминатите три години финансирани од фондови на Соединетите Американски држави.

1.     „Насмевка во пижами“ со кој се доопреми детското одделение во болницата во Велес,
2.    „Ние за нашата заедница“ во рамки на кој се реализираа работилници за утврдување граѓански приоритети и јавни расправи за годишните програми и буџетот во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и поддршка на иницијативи на невладини организации во вредност од 10.000 усд.
3.    „Воспоставување фонд за поддршка“ со кој на 50 деца од социјално немоќни семејства им се обезбеди бесплатен оброк и им се донираа новогодишни пакетчиња, сликовници и комплети лектири.
 
 
Image
 
Донираната опрема ќе ја олесни реализацијата на програмските активности на Фокус во иднина и ќе придонесе за постигнување на уште поголеми резултати и признанија.