Фондацијата „Фокус“ во соработка со TACSO канцеларијата во Скопје на 28.02.2011, одржа две фокус групи, со цел да се процени нивото на информираност и заинтересираност на граѓанските организации за воведување квалитет во работењето.
Оваа активност е резултат од акцискиот план, подготвен во рамки на конференцијата, одржана во Загреб во октомври 2010, на која учество зема и Фондацијата „Фокус“.