Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, доби донација од 165 книги од различни области од Мировен Корпус Македонија. Со оваа донација библиотечниот фонд на Фокус се зголеми за нови 125 наслови. Од донираните 165 книги Фокус предаде 16 наслови на Извидничкиот Одред ,,Димитар Влахов,, од Велес за нивните потреби. Сите останати книги стојат на располагање на останатите здруженија на граѓани и фондации во градов и може да се видат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во Фондацијата.
Книгите се достапни за заинтересирани граѓани, ученици и студенти, кои можат да дојдат директно во Фондацијата „Фокус“ на ул „Трајко Панов“ бр.22 (во Дворови спроти Градинката), лице за контакт Наташа Коџабашиева.