naslovnafocus

Велес, 09.05.2017 година  - Основачите на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“  го усвоија новиот Стратегиски план за развој на фондацијата во периодот 2017 – 2020 година. Документот се креираше низ процедура на вклученост на повеќе заинтересирани страни за работата на фондацијата. Стратегискиот план беше подготвен од консултант заедно со менаџментот на Фокус.

Фондацијата продолжува да работи на промовирање и унапредување на демократијата и граѓанското општество, на развој и поддршка на иницијативи кои се втемелени на добро управување и одговорни граѓани и да ги поттикнува граѓаните да се вклучат во процесите на одлучување, во развојот на социјалните и економските процеси во локалната заедница, во регионот и во државата.