Во тек е изработката на Стратегијата за комуникација на Фондација за локален развој и демократија Фокус за период од 2017 до 2020 година.
Вработените на Фокус во неколку сесии заедно со експертот за комуникации Билјана Бејкова ја анализираа состојбата во која моментално се наоѓа Фондацијата, со какви капацитети и ресусрси располага и во која насока сака да се движи во иднина. Во наредната сесија ќе се утврдуваат комуникациските цели на Фондацијата, комуникациските алатки како и пораките кои Фокус сака да ги испрати до граѓаните. Комуникациската стратегија е од големо значење за работата на Фондација Фокус и има за цел да воспостави добар линк со граѓаните од локалната заедница во насока на покренување на заеднички иницијативи за подобрување на животот во локалната заедница.