Фондацијата за локален развој и демократија Фокус по трет пат годинава доби институционалната поддршка од Центарот за институционален развој ЦИРа преку програмата Civica mobilitas која е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Вредноста на поддршката е 805 илјади и 320 денари. Со оваа поддршка ќе се реализира 12 % од годишната програма на Фокус. Останатите предвидени активности во програмата на Фондацијата за 2012 година ќе бидат реализирани со поддршка на други донатори.