Се конституираше новиот состав на Одборот на Фондација „Фокус“ со мандат во периодот 2017 – 2020 година. Конститутивната седница се одржа на 09.10.2017 година, на која присуствуваа новите членови на одборот: Пенчо Јаневски, Љубица Јаневска, Ленче Здравкин и Стефан Каракачанов.
Одборот, едногласно за Претседател го избра Пенчо Јаневски, кому ова му е втор мандат.
Претседателот на одборот Пенчо Јаневски ја отвори седницата со дневен ред: усвојување на Деловникот за работана Одборот, Информација на членовите за Стратегискиот план на Фондацијата за период 2017 – 2020 година, информација за тековни проекти на Фокус и разно.
Финансискиот асистент на Фокус Димче Велев го запозна одборот со содржината на Стратегискиот план што фондацијата го подготви со финансиска поддршка од институционалниот грант на програмата Civica mobilitas. Тој истакна дека Фондацијата особено внимание во иднина ќе посвети на жените, младите и бизнис заедницата, за што ја побара и поддршката од членовите на Одборот. Извршната директорка Убавка Јаневска на конститутивната седница зборуваше за моменталната состојба во која се наоѓа Фокус, за актуелните проекти на кои работат вработените и хонорарно ангажираните лица, како и за идните планови и проекти, за чија реализација побара активно вклучување на членовите на Одборот со свои идеи, предлози и сугестии.
Фондација Фокус е Институционален грантист на Civica Mobilitas програма.