Затворенa е истрагата против Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и против дваесетте организации и фондации, соопшти вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој пред претставниците на Фокус и останатите граѓански здуженија истакна дека не се обезбедени докази за субјектите кои биле предмет на криминалистичка обработка.
По завршувањето на проверките, кои ги изврши Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Скопје, Министерството за внатрешни работи доставило известувања до Обвинителството дека сомнежите се неосновани. Според прибавените информации констатирано е дека нема основи за понатамошна истрага.
Од МВР потврдија дека доставен е предлог до Обвинителството за затворање на истрагата, а истовремено ќе се води и истрага против оние што го иницираа политичкиот прогон злоупотребувајќи ги институциите на системот.
Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес беше дел од дваесетте организации кои во 2016 година и 2017 година беа предмет на пред истражна постапка и контрола од страна на Управата за јавни приходи, МВР и Основно јавно обвинителство во Скопје за злоуптреба на службена положба , за злосторничко здружување и перење на пари и корупција. Со месеци траеше истрагата но не беа пронајдени никакви докази за сомнително и незаконско работење или направени какви било прекршоци од страна на Фондацијата. Ваква состојба се покажа и кај останатите граѓански организации опфатени во постапката на тогашната власт под името „Десороизација“.
Инаку во текот на постапката граѓанските организации потрошија поголем дел од своето време за копирање на десеттици регистратори, трошеа хартија, тонери и бензин за да ги носат и предаваат бараните финансиски документи до државните институции.