На 29 мај 2018 година, во просториите на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“се одржа третата седница на Одборот.  На седницата учествуваа претседателот на Одборот, Пенчо Јаневски и членовите Љубица Јаневска, др Игор Андреев и Ленче Здравкин.

Одборот донесе заклучок дека соработката со Мировниот корпус на САД во Република Македонија треба да продолжи кога Фондацијата ќе почувствува потреба од ангажирање на волонтер.

Членовите на Одборот се согласија дека е потребно да вложат поголемо внимание кон обезбедување на одржливоста на Фондацијата, дадоа конкретни предлози за практикување на проектен менџмент во работата и се заложија за поголемо лобирање пред донаторите.

Одборот донесе одлука за пристапување кон промени во организацската структура и култура, со намера да се усогласат со новите политики и современи трендови за развој на граѓанското општество. Со тоа Фондацијата ќе треба да го зголеми вниманието кон целните групи врз кои има влијание и остварува бенефити за граѓаните.

Во исто време Одборот препорача да се практикуваат и применуваат постојните правила и процедури за работа во фондацијата.