javen povik

 

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Фокус во фокусот“, чија генерална цел е зајакнување на кредибилноста на фондацијата како сериозен и одговорен чинител преку реевидирање и воспоставување на нови внатрешни правила и процедури, како ефективна, транспаретна и отчетна граѓанска организација. За потребите на проектот, објавува

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка

за институционален развој

Со солидни познавања и искуство во:

  • работа на граѓанска организација,
  • воспоставување на структура и одржливост на организација,
  • организациски проектен менаџмент и
  • правила по кои организацијата ќе врши процена на влијанието.

Конкретни теми и области кои треба да ги покрива експертот/ката се:

  • право,
  • финасиско работење и
  • проектен менаџмент според правилата и процедурите на ИПА механимзмите и на други меѓународни донаторски органзиации.

Ангажираниот експерт/ка ќе биде ангажиран/а за период септември 2018 – јуни 2019 година, со ефективни 10 работни дена, а ќе треба да:

  • подготви анализа на постојните правила и процедури на Фондацијата,
  • да идентификуваат тесни грла, проблеми и потреби за усогласување со постојната позитивна законска регулатива во државата како и со новите правила и процедури на ЕУ и УСАИД,
  • учествува во реалзација на проектни актвиности (работилници, состаноси и сл.),
  • предложи воспоставување на нови правила и процедируи,
  • предложи процедура и правила за проектен менаџмент и зајакнување на човчкиот капацитет и
  • како и процедура за проценка на влијанието на фонадцијата во заедницата.

Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање на проектот, потребно е да доставт: понуда, копија од завршено ВСС (право, економија, менаџмент, јавна адмнистрација, управување со човечки ресурси), CV и прелог концепт за анализа на постојните правила и процедури за работа на граѓанска органзиација.

Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 14.09.2018 год. (петок) до 16.00 часот.

 

Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Блканаската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС)