Во рамки на проектот „Фокус во фокусот“ чија генерална цел е да се зајакне кредибилноста на Фондацијата, сериозен и одговорен чинител преку реевидирање и воспоставување на нови внатрешни правила и процедури, за ефективна, транспаретна и отчетна граѓанска организација на 21.12.2018 година, персоналот на Фокус, оствари посета на еден од своите стратешки партнери,НВО Инфо центар.
Целта на посетата беше да се стекнат искуство и едукација во примена на правила и процедури во секојдневна работа.
Во рамки на посетата, се разговараше за успешните примери и практики на НВО Инфо центарот во примената на стандардите и правилата кои создаваат препреки во функционирањето на организацијата.
Оваа студсика посета иако прва, ќе продолжи со уште една работна средба каде двете органзиации ќе посветат време на темата за проценка на влијанието во заедницата од работата на двете граѓанските органзиации, Фондација „Фокус“ и НВО Инфо Центарот.
Проектот „Фокус во фокусот“ е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Блканаската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.