Во деновите 14 и 15 декември 2007 година, Основачите и членовите на Управниот одбор на Фондацијата ФОКУС, одржаа работиолница на која се дефинираше Стратегијата за развој на Фондацијата за локален развој и дем ократија ФОКУС Велес за периодот 2008 - 2012 година.
На оваа работилница се дефинираа новата визија на фондацијата, како и редефинирањето на мисијата, покрај тоа во стратешкиот план се предвидува фондацијата да работи во 3 програмски области и да го развива волонтерството, исто така се усвои и акциониот план за спроведување на стратешкиот план.
Преостанува да се подготви финален текст на стратегијата и до крајот на оваа година Собранието на основачи и Управниот одбор да ја донесат новата стратегија за развој.